Собрание на акционери

Врз основа на чл. 384 и 387 од Законот за трговски друштва, Законот за изменување и дополнување на законот за трговските друштва, член 57, 58, 60 и 77 од Статутот на БУТЕЛ ПОГРЕБЕН СЕРВИС АД СКОПЈЕ, Управниот Одбор на Друштвото

О Б Ј А В У В А

ЈАВЕН ПОВИК

за свикување на Годишно Собрание на акционери на

БУТЕЛ ПОГРЕБЕН СЕРВИС АД Скопје

Редовното годишно собрание на БУТЕЛ ПОГРЕБЕН СЕРВИС АД Скопје ќе се одржи на ден 22.06.2018 година (петок) со почеток во 10 часот во седиштето на Друштвото на ул. Лазар Трповски бр. 67 А Скопје / Бутел/ во салата за состаноци.

За Седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Процедурален дел

  1. Верификација на пријавени присутни акционери
  2. Избор на записничар
  3. Избор на претседавач
  4. Усвојување на дневниот ред

Работен дел

  1. Усвојување на Записникот од Собрание на акционери од 02.04.2018 година.
  2. Разгледување и усвојување на Годишниот извештај за работењето на Бутел Погребен Сервис АД Скопје за деловната 2017 година, со предлог одлука.
  3. Разгледување и усвојување на финансискиот извештај и годишната сметка на Друштвото за 2017 година, со предлог одлука.
  4. Предлог одлука за покривање на загубата на друштвото остварената во 2017 година.
  5. Разгледување и усвојување на Извештајот за извршената ревизија на финансиските извештаи за 2017 година, со предлог одлука.
  6. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Управен Одбор, одобрување на работата на членовите на Управен Одбор , Генералниот Директор на Друштвото во 2017 година, со предлог одлука.
  7. Разгледување и усвојување на Извештајот за работењето на Надзорен Одбор, одобрување на работата на членовите на Надзорен Одбор за 2017 година , со предлог одлука.
  8. Предлог одлука за исплата на награда за работна успешност за 2017 год на членовите на Управен и Надзорен Одбор на Бутел Погребен Сервис АД Скопје.
  9. Назначување на овластен ревизор за 2018 година.
  10. Донесување на одлука за измена на Статутот на Бутел Погребен Сервис АД Скопје.

Собранието одлучува само за прашања кои се уредно ставени на дневен ред. Вклучувањето на нови точки по дневниот ред може да се врши на начин утврден со Законот за трговските друштва.

Материјалите од дневниот ред може да се разгледуваат во деловните простории на Бутел Погребен Сервис АД Скопје секој работен ден од 09,00 – 10,00 часот.

Право на учество во работата и право на глас во Собранието има секој акционер лично или од него овластено лице кое ќе го застапува во Собранието со писмено полномошно заверено кај Нотар за што акционерот мора да го извести Друштвото по писмен пат, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното.

Секој акционер кој има намера да присуствува на Собранието должно е да го пријави своето учество најдоцна до 9,00 часот пред почетокот на седницата на Собранието кај Претседателот на Управен Одбор на Друштвото поради евидентирање на неговото присуство.

Гласањето на Собранието на акционери е јавно.

На Собранието може да се одлучува ако на седницата присуствуваат акционери или нивни овластени претставници кои поседуваат двотретинско мнозинство од вкупниот број на акции со право на глас.

Одлуките се донесуваат во согласност со ЗТД и Статутот на друштвото.

 

                                                                                              Управен Одбор на

                                                                                 Бутел Погребен Сервис АД Скопје