Почетна страна

БУТЕЛ ПОГРЕБЕН СЕРВИС АД СКОПЈЕ е лиценциран оператор за вршење на погребни услуги и нуди погребна опрема за сите видови верски пoгреби: православни, муслимански, католички, еврејски.

Погребната служба е систем составен од организациони делови кои взаемно функционираат:

  1. Издавање на лекарска потврда за смрт од страна на наша лекарска служба - бесплатно.
  2. Превземање и превоз на умрени лица од местото на настапување на смрт до мртовечницата и од мртовечницата до местото за закоп.
  3. Тоалетизација на умрени, организирање на закоп и вршење на закоп во гробно место.
  4. Продажба на погребна опрема и услуги.
  5. Превоз на починати лица во државата и странство.

Поаѓајќи од податокот дека смртта настапува ненадејно и најголем број од граѓаните кои имаат смртен случај во тој момент се збунети, БУТЕЛ ПОГРЕБЕН СЕРВИС АД СКОПЈЕ превзема низа организациони мерки заради поедноставување на административните формалности. За таа цел формирана е лекарска служба која работи 24/7 часа, врши преглед и констатира смрт и причина за смрт и издава лекарска потврда за смрт (ЛИПС). Врз основа на оваа потврда која е доказ дека лицето е починато, понатаму се одредуваат и организираат сите поединости за извршување на закопот, имајќи ги во предвид пиететот на починатиот и чувствата на најблиските.